Search

Почина рокерската енигма Скот Вокер

Скот Вокер, еден од највлијателните и најенигматични фигури во рок историјата, почина на 76 години.

 

Веста за неговата смрт ја потврди музичката куќа што го застапува во моментов, 4AD. Во соопштението стои дека пејачот бил „еден од најпочитуваните иноватори во елитата на креативниот свет на музиката“.

Американскиот рокер се прослави како тинејџерска атракција како дел од дуото „Вокер брадерс“ и хитовите „The Sun Ain’t Gonna Shine Anymore“ и „Make It Easy On Yourself“.

Меѓутоа, неговиот длабок и мрачен баритон навестуваше нешто подлабоко и помрачно – тоа беше насоката во која замина како соло музичар кога обработуваше теми што ја опфаќаа сложеноста на љубовта, сексот и смртта.

Фронтменот на „Рејдиохед“ Том Јорк беше еден од првите музичари кои му оддадоа почит на Вокер. Јорк рече дека Вокер бил „големо влијание“ за него и за „Рејдиохед“ и дека му покажал како може да ги користи гласот и зборовите.

„Тој ја однесе музиката во сфери каде што никој не бил претходно“, рече за него музичарот Брајан Ено, кој исто како Џарвис Кокер и Дејвид Боуви има нагласено дека Вокер бил едно од неговите клучни музички влијанија.

Треба да знаете
Последни објави