Search

Почина професорот и доследниот вљубеник во филмот Стефан Сидовски- Сидо

Професорот  по филозофија и многугодишен вљубеник во филмот Стефан Сидовски – Сидо беше еден од најомилените професори цели 36 години  во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а професорската работа ја продолжи како вонреден професор по историја на филм и теорија на филм во ЕСРА.

Сидовски беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм.

Тој е автор на филмовите „Контејнер“, „Полуден револуционер“, „Raison d’etre“, „Средба“, „Големиот оратор“ , „C’est la Vie“. Неговиот последен филм, објавен на Јутјуб, е насловен „Последното кафе“.

Треба да знаете
Последни објави