Search

Почина премиерот на Брегот на Слоновата Коска, му се слошило на седница

Премиерот на Брегот на Слоновата Коска Амаду Гон Кулибали почина, откако му се слошило на вчерашната седница на Владата.

Кулибаи (61) се вратил од Франција, каде два месеца се лекувал од срцеви проблеми, пренесува Би-Би-Си.

Тој беше избран за кандидат на владејачката партија на претседателските избори во октомври, откако сегашниот претседател Аласан Утара објави дека нема да се кандидира за трет мандат.

Кулибали имаше трансплантација на срце во 2012 година, а на почетокот на мај замина за Париз заради вградување стент.

Треба да знаете
Последни објави