Search

Почина поранешниот тренер на Јута, Џери Слоун

На 79 години почина поранешниот тренер на Јута џез, Џери Слоун. Оваа тажна вест денес ја објавија медиумите во САД.

Во 2016 година, на реномираниот тренер му беше дијагностицирана Паркинсонова болест и деменција.

Слоун беше еден од најуспешните тренери во кошарката. Тој ги предводеше „џезерите” 23 сезони (1988-2011), двапати го водеше тимот до финалето во НБА (1997, 1998). Под водство на Слоун, Јута забележа 1.223 победи.

Како играч, Слоау двапати стана учесник во НБА-ол-стар натпревар (1967, 1969).

Во 2009 година, Џери Слоун беше примен во кошаркарската „Куќа на славните”.

Треба да знаете
Последни објави