Search

Почина поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе

На 95-годишна возраст почина Роберт Мугабе, првиот претседател Зимбабве откако оваа африканска земја ја стекна својата независност, пренесе Би-Би-Си.

Мугабе почина по повеќегодишна болест, потврди неговото семејство.

Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.

Беше соборен од власта во текот на воен удар, во ноември 2017 година, по 37 години неприкосновено владеење, период во кој тој прерасна од омилен херој на ослободувањето на земјата до омразен диктатор.

Треба да знаете
Последни објави