Search

Почина поранешниот индонезиски претседател Хабиби

Поранешниот претседател на Индонезија, Бахарудин Јусуф Хабиби почина денеска на 84-годишна возраст.

Како што соопшти семејството, Хабиби почина во воената болница, каде бил од 1 септември поради проблеми со срцето.

Тој овозможи спроведување на демократски реформи и референдум за независност на Источен Тимор по соборувањето на Сухарто од власт.

Хабиби беше трет претседател на Индонезија и најкратко од сите остана на таа функција, само 16 месеци, од мај 1998 до октомври 1999 година, кога се повлече од трката за шеф на државата.

Треба да знаете
Последни објави