Search

Почина поранешниот египетски претседател Мохамед Морси

Поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси почина од срцев удар на 69-годишна возраст, јави државната телевизија на Египет.

Телевизијата информира дека Морси починал во еден египетски суд. Поранешниот египетски претседател беше во затвор од 2013 година, обвинет за разни злосторства.

Морси беше петтиот претседател на Египет и беше на власт од 30 јуни 2012 до 3 јули 2013 година кога беше симнат од власт со државен удар.

Генералот Абдел Фатах ел-Сиси, кој го предводеше пучот,  го симна Морси од власт и го суспендираше египетскиот Устав од 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави