Search

Почина познатиот српски сценарист Гордан Михиќ

Прославениот српски сценарист, Гордан Михиќ почина вчера на 80-годишна возраст. Веста за смртта на Твитер ја објави неговата ќерка, актерката  Ивана Михиќ. Михиќ починал рано наутро по ненадејно заболување.

Гордан беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предаваше филмско сценарио. Од неговото перо излегоа некои од најпознатите филмови и серии во југословенската и српска кинематографија, меѓу кои се „Немањичи“, „Ранета земја“, „Лажливо лето“, „Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“, „Сивиот дом“, „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“ …

Тој беше во брак со актерката Вера Чукиќ, со која има ќерка Ивана Михиќ.

Треба да знаете
Последни објави