Search

Почина познатиот НБА-играч Боб Ланије

По кратко боледување во вторникот на 73-годишна возраст почина познатиот НБА играч и член на Куќата на славните, Боб Ланије, соопшти Лигата.

Ланије во седумдесеттите беше еден од најдобрите играчи во НБА лигата заедно со Карим Абдул Џабар, покрај тоа, тој беше глобален амбасадор на лигата.

Играше 14 сезони за Детроит и Милвоки, со просек од 20,1 поен и 10,1 скока.

Тој е трет на листата на Пистонс по бројот на поени и скокови на сите времиња.

Треба да знаете
Последни објави