Search

Почина писателката Вера Чејковска 

По тешко боледување денеска на 64-годишна возраст почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.

Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година. Зад себе ги остави збирките поезија: „Човек и врата” (1975), „Множење на словото” (1986), „Опит” (1992), „Отсуството на Благиот” (1993), „Leximi i dritës” (2000), „Рабови” (2007), „Отсуството на Благиот II” (2008), „The Аbsence of the Mild One” (2011), „Моите веди” (2013), „My Vedas” (2015), збирката раскази „Чејка и чајка” (2015), како и низа научни монографии и студии од областа на сеизмологијата.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел од 12 часот и 30 минути, а погребот ќе се изврши во 13 часот и 30 минути.

Треба да знаете
Последни објави