Search

Почина осуденик од затворот Идризово

На 09.02.2019 година во 20,40 часот во СВР-Скопје, од КПУ „Идризово” било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ-Идризово е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза”, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави