Search

Почина новинарот Марјан Блажевски

Новинарот Марјан Блажевски по кратко и тешко боледување почина денеска во Скопје. Блажевски беше роден во 1968 година во Скопје, а својота новинарска кариера ја почна во првиот приватен дневен весник „Дневник“. Таму беше од почеток до затворање на весникот во 2017 година.

Ангажманот го почна во скопската рубрика, а потоа беше новинар во економската рубрика на која неколку наврати беше и уредник.

Својата новинарска кариера ја продолжи во интернет порталот „Фактор“ како соработник-новинар.

Почивај во мир.

 

Треба да знаете
Последни објави