Search

Почина морнарот од прочуената фотографија

Џорџ Мендонс, американски морнар фотографиран додека бакнува жена на Тајмс сквер прославувајќи го крајот на Втората светска војна, почина на 96-годишна возраст.

Неговата ќерка за локалните медиуми вели дека Мендонс вчера доживеал инфаркт.

Тој беше фотографиран како ја бакнува Грета Цимер Фридман, која носи униформа на медицинска сестра на њујоршкиот Тајмс сквер на 14 август во 1945 година на денот на капитулацијата на Јапонија.

Фотографијата на Алфред Ајзенштет стана една од најпознатитре фотографии на 20 век.

Во текот на годините подоцна беше потврдено дека Мендонс и Фридман биле во врска.

Тој почина два дена пред 96. роденден, а Фридман почина во 2016 година на 93-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави