Search

Почина медиумскиот милијардер Дејвид Баркли

Сер Дејвид Баркли, косопственик на весникот „Дејли телеграф“, почина на 86-годишна возраст.

Неговата смрт беше објавена во „Телеграф“, каде е наведено дека починал во неделата по кратко боледување.

Сер Дејвид, заедно со неговиот брат близнак Сер Фредерик, изградија деловна империја која опфаќа хотели, малопродажба и медиуми.

Богатството на браќата е проценето на 7 милијарди фунти, според листата на богати на „Сандеј тајмс“ објавена во 2020 година.

Браќата милијардери ретко даваа интервјуа.

Треба да знаете
Последни објави