Search

Почина легендата на Формула 1, Ники Лауда

Трикратниот светски првак во Формула 1 и една од најпрепознатливите фигури во автомобилистичкиот спорт Ники Лауда почина на 70 години. Легендарниот Австриец, на кој во август му беше пресаден бел дроб, починал мирно вчера, објави неговото семејство.

Тој беше светски шампион со Ферари во 1975 и 1977 и потоа со Мекларен во 1984 година и неговата кариера беше обележана со чудесен камбек по страотната несреќа за време на Германското гран при во 1976 година, од којашто излезе со тешки изгореници.

Последниве години, тој основа и водеше авиокомпанија и помогна да се лансира кариерата на Луис Хамилтон, кој денес е најуспешниот Ф-1 возач.

На 1 август 1976 година, само една година откако ја освои првата титула, Лауда претрпи изгореници од трет степен на главата и лицето и вдиша токсични гасови откако неговиот болид се запали на патеката Нирбургринг. Иако му се даваа мали шанси дека ќе преживее, Лауда, сè уште во завои, се врати на патеките по само 40 дена.

Лауда беше првак во Ф1 во три првенства. Во 1975 и 1977 година се искачи на пиедесталот како возач на Ферари, а во 1984 триумфираше во шампионатот како возач на Меклларен.

Имаше изгореници на телото од трката во 1976 година, имаше две трансплатации на бубрег во 1997 и 2005 година. Од почетокот на годинава е во болница во Виена, само неколку месеци по трансплатацијата на црн дроб откако во август лани доби нов црн дроб.

Работеше како неформален директор на Мерцедес, тимот кој години наназад доминира во Ф1.

Треба да знаете
Последни објави