Search

Почина легендата на Партизан Момчило Вукотиќ

Легендата на Партизан и на југословенскиот фудбал, Момчило Моца Вукотиќ почина на 72-годишна возраст, потврдија од клубот од Хумска. Популарниот Моца почина од рак на грлото.

Вукотиќ последниве години се бореше со ракот на гласните жици, а многумина веруваа дека тој ја добие таа борба! За жал, болеста се вратила, а познато е дека бил страстен пушач.

За црно-белите Моца Вукотиќ одигра дури 752 натпревари и постигна 306 гола.

Со Партизан три пати го освојуваше првенството на СФРЈ Југославија. За репрезентацијата играше 14 пати, од 1969 до 1974 година.

Вукотиќ е роден на 2 јуни 1950 година во Белград, израснал во Партизан, каде по шест години во помладите категории се преселил во првиот тим во 1968 година. Играше со црно-белите, водејќи ги како офанзивен играч за врска во кампања за трите титули (1976), 1978 и 1983 година), а со пауза од една сезона (1978/1989) кога се пресели во Бордо, ги помина сите други играчки денови во Партизан, завршувајќи во 1984 година.

Тој беше тренер и на Партизан од 1988 до 1989 година, беше директор и на Младинската школа од 2012 до 2016 година, а тренерската кариера ја изгради и во Грција и Кипар.

Треба да знаете
Последни објави