Search

Почина легендарниот ракометар Портнер

Легендарниот југословенски ракометар Златко Портнер почина ненадејно на 59-годишна возраст.

Кариерата ја започна во Хртковци, пред да пристигне во Шабац преку Црвенка во 1982 година, каде во следните седум сезони ги испиша најубавите страници на светскиот ракомет со генерацијата Вујовиќ, Исаковиќ, Рниќ, Башиќ…  со која стана европски првак во 1985 и 1986 година. Играше и во Барселона и во 1991 година триумфира и во Купот на Шампионите.

Како член на репрезентацијата на Југославија, Портнер освои злато на Светското првенство во 1986 година во Швајцарија и бронза на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. На крајот од играчката кариера, тој остана верен на ракометот преку тренерската работа во неколку клубови во Швајцарија.

 

Треба да знаете
Последни објави