Search

Почина легендарниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ

Денеска, 16 септември, на 77-годишна возраст, почина славниот кошаркарски тренер Душан – Дуда Ивковиќ. Ова го соопшти претседателот на клубот Раднички, Горан Калиниќ.

– Денес во 6.50 часот Душан почина во болница во Белград, како последица на вода во белите дробови -го цитира Калиниќ „Спорт клуб”.

Ивковиќ работеше во клубови од Србија, Грција, Русија и Турција. Ги водеше екипите на Партизан, Арис, Раднички, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, Анадолу Ефес, ЦСКА Москва… Со Олимпијакос двапати стана шампион на Европа, последниот пат кога ја покори Европа во составот го имаше и поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ.

Беше селектор на репрезентацијата на Југославија од 1988 до 1995 година, а ја предводеше и селекцијата на Србија. Со репрезентацијата, трипати го освои Европското првенство и еднаш го освои Светското првенство.

 

Треба да знаете
Последни објави