Search

Почина легендарниот американски фотограф Роберт Франк

Легендарниот американски фотограф со швајцарско потекло Роберт Франк почина на 94-годишна возраст во Канада во понеделникот, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неговиот њујоршки галерист Питер Мекгил.

Роберт Франк стана познат по неговиот албум „Американци“, кој беше објавен во Франција во 1958 година, односно во 1959 година во САД. Станува збор за колекција црно-бели фотографии што ги снимил патувајќи низ Соединетите Држави и создавајќи манифест на традицијата што длабоко ќе се одрази на идните генерации.

Неговиот албум се сметаше за депресивен и субверзивен бидејќи ја откри темната страна на „aмериканскиот сон“ – сиромаштија, сегрегација, нееднаквост и осаменост.

Треба да знаете
Последни објави