Search

Почина и клавијатуристот кој патуваше со Шабан Шаулиќ

Мирсад Кериќ, музичар и клавијатурист, исто така почина по ужасната сообраќајна несреќа што се случи вчера во Германија, а во која животот го изгуби легендарниот пејач Шабан Шаулиќ.
Мирсад имаше повреди на мозокот, кои биле фатални за неговиот живот.

Оваа информација ја потврди Сабит Дервишевиќ, менаџер на Шабан Шаулиќ.

,,Пред неколку минути, од германската болница, ми ја кажаа тажната вест дека умре Мирсо. Ние се надевавме на најдоброто, но за жал тој ја загуби борбата за живот”, рече Дервишевиќ.

Многу пријатели, колеги и фанови преку социјалните мрежи се збогуваат со клавијатуристот кој долго време го придружуваше Шабан.

Двајцата ги загубија животите во сообраќајна несреча во Германија, која пијан возач удрил во нивното возило. Несреќата се случила на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите.

Српскиот пејач на народна музика, Шабан Шаулиќ кој вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија, ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани во новите гробишта во Белград.

Треба да знаете
Последни објави