Search

Почина заштитното лице на „Марлборо“, никогаш не бил пушач

Ранчерот и филантроп Роберт ‘Боб’ Норис, познат како заштитно лице на „Марлборо“, почина на 90-годишна возраст, пренесе „Си-ен-ен“. Тој почина во Колорадо Спрингс, Колорадо, објави компанијата „Tee Cross Ranches“ што ја основал.
Тој со неговиот маркантен изглед ја добил улогата на првиот марлборо маж на телевизија. Норис, кој според печатот никогаш не бил пушач, се појавувал во реклами 14 години. Тој се откажал од рекламните кампањи кога почувствувал дека е лош пример за своите деца.
Кога барале марлборо модел, проблемот бил во тоа што никој не можел да јава коњ, а  од „Марлборо“ сакале тој да биде каубој. Норис имал ранч и коњи, па совршено им одговарал.

Треба да знаете
Последни објави