Search

Почина во ринг австралиски боксер кој двапати го победи ракот

Австралискиот боксер Двајт Ричи почина на 27-годишна возраст, откако за време на еден тренинг боксувал со спаринг партнер, примил удар, паднал и веќе не се разбудил.

Ричи, кој имаше прекар „боксерски каубој”, беше првак на Австралија и Азија во ИБФ верзијата, во категоријата супер велтер, а требаше да се бори на 6 декември против Томи Брауни. Го сметаа за еден од најголемите боксерски таленти кои ги имала Австралија.

Починатиот боксер има три деца, а кога тој бил бебе, двапати се борел и го победил ракот. Ричи е четвртиот боксер кој почина во 2019 година. Првите тројца починаа од повреди на мозокот, а за Австралиецот допрва треба да се утврди причината.

Треба да знаете
Последни објави