Search

Почина актерот Рип Торн

Американскиот актер Рип Торн почина вчера во неговиот дом во Лејквил, Конектикат, на 88-годишна возраст.

Причината за смртта не е соопштена, а никој од неговото семејство, како и неговиот портпарол, не биле достапни за коментар.

Торн во својата седумдецениска кариера глумел во повеќе од 190 филмови и серии, а најчесто глумел улоги на негативец. Тој стана најпознат по улогата во „Луѓе во црно“, како и во „Марија Антоанета“, а се појавуваше и во сериите „Вил и Грејс“, „Закон и ред“ и многу други.

Треба да знаете
Последни објави