Search

Почина актерот Реј Лиота

Американскиот актер Рејмонд Ален Лиота почина денеска на 67-годишна возраст. Лиота, кој беше најпознат по својата главна улога во криминалистичката класика на Мартин Скорсезе од 1990 година „Goodfellas“, почина во сон во Доминиканската Република додека снимаше нов филм, пренесува „Инденпендент“

Актерот зад себе ја остави ќерката Карсен. Пред неговата смрт, тој беше во Доминиканската Република каде што го снимаше проектот наречен „Опасни води“.

Тој е роден во Њу Џерси на 18 декември 1954 година и бил посвоен шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште. Неговата филмска кариера траеше четири децении.

Треба да знаете
Последни објави