Search

Почина актерот Мустафа Надаревиќ

Легендарниот актер Мусатафа Надаревиќ почина денеска на  77-годишна возраст по долго боледување, пренесува Радио Сараево.

На Надаревиќ му бил дијагностициран карцином. Неодамна бил пуштен од болница. Времето го минувал дома во Загреб, а не излегувал поради епидемиолошката ситуација.

Надаревиќ е хрватски и босански актер и режисер. Роден е во Босна во 1943 година, но поради војната се сели во Хрватска. Во Риека завршува гимназија, а потоа дипломира на Академијата за драмски уметности во Загреб. Две години и предавал на истата академија, а еден семестар и на сараевската.

Познат е по многу улоги во театарски, телевизиски и филмски остварувања, а добитник е и на бројни награди.

Познат е по улогите во филмовите „Глембаеви“, „Ничија земја“, Нафака“, „Гори ватра“, „Празник“, а публикаата ја одушеви со улогата во телевизиската серија „Луд, збунет, нормален“.

Треба да знаете
Последни објави