Search

Почина актерката Кирсти Ели по тешка борба со ракот

По тешката борба со ракот почина актерката Кирсти Ели. Таа беше најпозната по улогата Ребека во комичната серија „Cheers“, која ѝ донесе и престижни телевизиски награди како Еми и Златен глобус.

Исто така, нејзините обожаватели ќе ја паметат по улогите во филмовите „Look Who’s Talking“, „Star Trek II: The Wrath of Khan“, „It Takes Two“ и многу други.

Таа почина на 71-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

„ Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна и сакана мајка почина по битката со ракот, кој неодамна беше откриен. Таа беше опкружена со нејзиното најблиско семејство и се бореше со неверојатна сила, оставајќи нѐ сигурни во нејзината бескрајна радост за животот и за сите авантури кои претстојат. Колку и да беше легендарна на екранот, таа беше уште поневеројатна мајка и баба. Ние сме благодарни на неверојатниот тим лекари и медицински сестри во Центарот за рак во Мофит за нивната грижа. Нејзината страст за животот, за нејзините деца и внуци и за нејзините многубројни животни, а да не ја спомнуваме нејзината вечна радост за создавањето нови дела, нѐ инспирираат да го живееме животот по потполност, исто како што живееше и таа“, напишале нејзините деца.

Треба да знаете
Последни објави