Search

Починатата мајка на сопругата на Пендаровски немала коронавирус

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информира дека резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот се негативни.

– Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика, велат од кабинетот на претседателот Пандаровски.

Треба да знаете
Последни објави