Search

Починаа три лица, регистрирани 16 нови случаи на коронавирус

Денеска се потврдени 16 нови случаи на ковид 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14 пациенти, а во изминатите 24 часа починаа 3 лица, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78), хоспитализирана на 14 мај.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 733, активни 208
• Куманово – 436, активни 35
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-46, активни 11
• Прилеп –210, активни 46
• Тетово – 177, активни 70
• Струга – 76, активни 9
• Велес – 127, активни 40
• Битола –28, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11.

Направените 314 теста се преку: ИЈЗ –292, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -13 и МАНУ -0. Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно испрвката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациент. На респиратор се 7, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави