Search

Почетино очекува битката за топ 4 да биде решена од гол разлика

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино остана исклучително задоволен од победата над Хадерсфилд вчера, а според него, токму гол разлика може да се покаже како клучна во лутата битка со Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед за топ 4.

– Битката ќе биде тешка. Ние се бориме со големи клубови кои се насочени на шампионската титула и на другите трофеи. До крајот ќе биде неизвесно. Овие постигнати голови можат да помогнат на крајот. Може токму гол разликата да го определи пласманот во топ 4. Оваа победа беше важна и за нашата самодоверба, рече Почетино.

„Петлите” го победија Хадерсфилд со 4:0 дома и си го вратија третото место на табелата со 67 поени, еден пред Челзи и со три повеќе од петтиот Манчестер Јунајтед. Арсенал е на шесто место со 63 поени и натпревар помалку од неговите конкуренти.

Тотенхем сепак има најдобра гол разлика од четирите тима – плус 30 гола, додека онаа на Јунајтед е едвај плус 19.

Треба да знаете
Последни објави