Search

Почетино доби условна казна од УЕФА

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино доби условна казна од УЕФА да не го води тимот во еден натпревар од евротурнирите. Поради фактот дека санкцијата не ефективна, тој ќе може да ги извршува нормално функциите во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул на 1 јуни.

Почетино беше казнет заедно со тренерот на Ајакс, Ерик ден Хаг, бидејќи првиот дуел помеѓу двата тима од полуфиналето започна со задоцнување од неколку минути.

Според правилата на европската централа, во такви случаи виновни се тренерите, без разлика каква е вистинската причина за доцнењето.

При првото прекршување за сезона тренерот е само предупреден, а при второто се наметнува предметната санкција од 1 дуел условно, а таа може да стане ефективна при нов прекршок во рок од 12 месеци.

Бидејќи за Тотенхем ова е второ вакво задоцнување во сезоната, Аргентинецот е казнет на овој начин.

Треба да знаете
Последни објави