Search

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Армијата согласно Правилото за воен протокол во Армијата, а во врска со одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, денеска во Скопје ќе изведе две артилериски стрелби.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, во време од 15:00 до 18:00 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм), а во време од 19:00 до 19:30 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.)

Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната „Илинден” во Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави