Search

Потребна е подобра кампања за користа од регионалните депонии

Во земјава не може да се воспостави систем за управување со отпад, бидејќи општините ја блокираат изградбата на регионалните депонии, поради што е неопходно властите да направат добра кампања за зголемување на јавната свест за бенефитите од регионалните депони, велат од граѓанската организација „Ајде Македонија“, пренесува „Слободнаевропа.мк“ .

Според официјалните статистички податоци, околу 700 илјади тони отпад се создаваат во земјава на годишно ниво. Според проценките на граѓанските организации, голем дел од создадениот отпад завршува на дивите депонии.

„Регионалните депонии мора да постојат, тоа е начинот и системот којшто функционира: со општински одлагалишта, односно соодветни центри во секоја општина поврзани со регионот. Без тоа, истава ситуација ќе ни се повторува. Треба да се подигне свеста на населението, тие јавни трибини кои се организираа во секоја општина, кога се објаснуваше за регионалните депони, беа многу несоодветно направени“, вели Блаже Јосифовски од „Ајде Македонија.“

Целата анализа може да ја прочитате тука.

Треба да знаете
Последни објави