Search

Потрагата по телото на пилотот на Сала ќе продолжи следната недела

 Потрагата по телото на Дејвид Иботсон, кој управуваше со авионот во кој се превезуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, ќе продолжи следната недела.

Семејството на пилотот собрало повеќе од 275 илјади фунти преку донации за да продолжи со потрагата. Најблиските на Иботсон го чекаат објавувањето на датумот за продолжување на операцијата за пребарување.

Сала се пресели во Кардиф од Нант во јануарскиот трансфер прозорец. На 21 јануари, тој со приватен авион замина во Велс, но околу еден час пред планираното слетување, авионот исчезна од радарските екрани. На 4 февруари, остатоците од авионот со телото на фудбалерот беа пронајдени на дното на океанот во близина на островот Гернзи.

Треба да знаете
Последни објави