Search

Потрагата по исчезнатиот авион на Сала ќе продолжи утре наутро

Потрагата по авионот во кој се наоѓаше рекордниот трансфер на Кардиф Сити, Емилијано Сала, била прекината.

Акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот авион, со кој напаѓачот патувал, ќе продолжи рано наутро. Информацијата беше пријавена од страна на полицијата во Гернзи.

Сала потпиша со Велшаните пред неколку дена, а сумата од 15,5 милиони фунти, која учесниците во Премиер лигата ја платија на своите колеги од Франција, е најголема во клупската историја.

Според распространетата информација, 28-годишниот Сала бил еден од двајцата патници во авионот „Пајпер Малибу”, а британската крајбрежна стража прати два хеликоптера кои бараат траги во Ла Манш, но во моментот нема ништо пронајдено.

Од аеродромот во Кардиф изјавија дека авионот требало да слета од Нант, но не споделија повеќе информации.

Треба да знаете
Последни објави