Search

Потпретседателката на францускиот Сенат на Џафери му врачи златен медал за пријателство и соработка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со Елен Конве-Муре, потпретседателка на Сенатот на Француската Република, која на самиот почеток му врачи златен медал на Сенатот, како симбол на пријателството и плодната соработка меѓу македонскиот парламент и Сенатот на Француската Република. Џафери се заблагодари и изрази своја највисока почит кон францускиот сенат, а во своето воведно излагање истакна политичките односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република се неоптоварени, извонредни, пријателски и на високо ниво.

„Потврда за тоа претставува и континуираната размена на посети на високо и највисоко ниво и работната посета на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, односно Националното собрание и францускиот Сенат на почетокот на октомври оваа година“, нагласи Џафери.

Потпретседателката на Францускиот Сенат Муре, истакна дека нејзината посета се организира со желба за продлабочување на парламентарната дипломатија и соработката меѓу пратениците на македонското Собрание со француските сенатори. Џафери, истакна дека и покрај тоа што земјата не доби датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, сепак ќе продолжи со спроведување на реформите од европската агенда.

„Стратешките цели на нашата земја се ЕУ и НАТО и 70% од граѓаните ги подржуваат и благодарение на досегашната поддршка од Француската Република, преку понатамошна соработка ќе успееме да ја надминеме актуелната ситуација и да се најдеме сите на истиот пат“, истакна спикерот во македонското Собрание. На крајот на средбата, потпретседателката Муре истакна дека во нејзиниот извештај од посетата на Република Северна Македонија ќе ги пренесе и нашите очекувања во Париз.

Треба да знаете
Последни објави