Search

Потпишување нов Колективен договор на вработените во МО и во Армијата

Министерката Радмила Шекеринска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска во 14.00 часот ќе го потпишат новиот Колективен договор на вработените во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Северна Македонија.

По потпишувањето на Колективниот договор во Мнистерството за одбрана, како што е најавено, министерката Шекеринска и претседателот на Независниот синдикат, Исајов ќе дадат изјави за медиумите.

Досегашниот Колективниот договор во МО беше потпишан во 2013-та, а изменет во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави