Search

Потпишан меморандум за соработка со UN Women, ја зајакнуваме родовата еднаквост во земјоделството

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство потпиша Меморандум на соработка со Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women. Меморандумот има за цел да ја унапреди родовата еднаквост во земјата преку институционализација на родово одговорно буџетирање во стратешкото планирање во областа на земјоделството и руралниот развој и креирањето на политиките и буџетските процеси, во согласност со меѓународните и националните обврски.
Преку овој Меморандум МЗШВ планира да воведе родова перспектива во Националната стратегија за земјоделство и рурален развој (2014-2020) и Програмата за рурален развој, со користењето на родовото одговорно буџетирање како алатка.
Во рамки на соработката се планираат активности за унапредување на капацитетите на јавната администрација за воведување на родовата преспектива во политиките и буџетите за рурален развој.
Проектот на UN Women „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Треба да знаете
Последни објави