Search

Потпишан Меморандум за соработка при коаплицирањето за IPA – проектите за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани и директорката на ЈКП „Комрад“ од Врање, Нела Цветковиќ, заедно со директорите на ЈКП „Зелениково“ и ЈКП „Петровец“, Крсто Јанакиевски и Андрејчо Гроздановски, денеска потпишаа Меморандум за соработка при коаплицирањето за IPA – проектите за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

„Се надеваме дека оваа соработка ќе придонесе за успешна реализација на нашите заеднички цели – заштита на животната средина и унапредување на услугите на јавните претпријатија кон нашите крајни корисници-граѓаните. Предвидените средства се наменети за поефикасно управување со комуналниот отпад, спроведување едукативни активности за  развивање еколошка свест кај најмладата популација. како и подигање на јавната свест кај граѓаните од таргет-општините во регионот, со цел правилно и совесно постапување со отпадот.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани.

Треба да знаете
Последни објави