Search

Потпишан договорот за името

Потпишан договорот за името

Договорот помеѓу Скопје и Атина е потпишан од страна на министрите за надворешни работи – Никола Димитров и Никос Коѕијас. Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, рече дека во Преспа се создава историја и дека договорот е патриотски и за двете страни, а задоволството не го криеше ниту македонскиот премиер Зоран Заев, кој им се заблагодари на како што рече „сите демократски сили“ што го помогнале решението на еден спор.

– Кога имаш верба, храброст и надеж можеш планини да поместиш. Ова е договор за стратешко партнерство на двете земји и ќе поместуваме планини. Ставаме крај на разлики кои издигнаа ѕид и три децении неизвесност за нашата иднина и сериозни грижи за несакани последици. Овој свечен чин е кулминација на сите наши напори. Големите визии може да се реализираат само преку акција. Договорот ни носи охрабрување, иницијативи за подобар живот, пријател во Грција, тие ќе бидат наши поддржувачи. Во регионот добиваме нова реалност. Ни претстои да ги отвориме границите и се повикуваме на вредностите на ЕВропската унија. Заеднички се грижиме за сеопфатна безбедност и економска соработка. Имаме обврска да ги олесниме инвестициите, трговијата и протокот на луѓе. Противниците во двете земји треба да знаат дека нашите граѓани заслужуваат правда, просперитет и цивилизациски вредности, а не популизам и страв. Ксенофобијата никогаш не смее да биде опција за европски земји. Целиот демократски свет не поддржува да тргнеме кон иднината. Им се заблагодарувам на Ципрас и Коѕијас за соработката. Знам дека не беше лесно за нив да истраат – рече Заев.

Премиерот Зоран Заев, како и преостанатите владини претставници – Радмила Шекеринска, Никола Димитров и Оливер Спасовски со аплауз беа пречекани на местото каде што беше потпишан историскиот договор според кој Македонија ќе треба да интервенира во Уставот и да го промени официјалното име, додека Грција нема да ги кочи евроатлантските процеси на нашата земја и ќе го признае македонскиот јазик и националност.

Во првите гостински редови од меѓународната заедница беа преговарачот Метју Нимиц, европретставниците Јоханес Хан и Федерика Могерини, и претставничката на ОН, Розмари Ди Карло.

Треба да знаете
Последни објави