Search

Потпишана Рамката за соработка за одржлив развој на ОН за периодот 2021-2025

Новата Рамка за соработка за одржлив развој на ОН (УНСДЦФ) за периодот 2021-2025 денеска во холот на МНР ја потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и резидентниот координатор на Обединетите Нации во земјава Росана Дуџиак. Шефот на дипломатија Османи на потпишувањето на Рамката, што, како што посочи, симболички се совпаѓа и со Денот на ОН, 24 октомври и 75-годишнината од основањето на најважната мултилатерална организација во светот, истакна дека станува збор за документ што ќе претставува насока на работата на системот на ОН во нашата земја за претстојниот петгодишен период. Самиот документ, рече Османи, се базира на досегашното искуство во соработката помеѓу ОН и Владата и претствува основа за блиско партнерство, а со цел постигнување на нашите приоритети за развој во рамки на Целите за одржлив развој и заложбите на земјата во однос на човековите прави.

Документот предвидува спроведување на четири резултати кои ќе придонесат за постигнување на три стартешки приоритети – подобрување на животниот стандард за сите преку еднаков пристап до пристојна работа и продуктивно вработување, универзален пристап за сите до квалитетни социјални услуги врз основа на права, здравствена заштита, образование, неопходна социјална и детска заштита. Потоа одржливо управување на природни ресурси и добро сочуван биодиверзитет преку правилно управување на животната средина, и  подбро владеење на право и родово одгиоворни  политики засновани на факти.

– Како стратешки документ тој ќе обезбеди динамична и силна корелација со стратешките приоритети на земјата, особено со имплементацијата на европските средства од ИПА 3, приоритетите кои треба да се остварат во следните седум години, а се во функција на преговорите за пристапување во ЕУ. Тоа значи поддршка на Владата и воопшто на државата во насока на целосно усогласување со законодавството, институционалната поставеност и институционалните практики на ЕУ, рече Османи, посочувајќи дека сета поддршка која ја добиваме од меѓународните пријатели е пред се придобивка за граѓањите за подобрување на живиотниот стандард и на условите за водење бизнис. Резидентниот координатор на ОН Дуџиак, истакна дека глобално имплементацијата на Агендата за одржлив развој на ОН напредува, но не со брзината за да се постигнат поставените цели до 2030 година.

– Декадата на акција која што генералниот секретар ја објави минатата година бара заеднички активности за справување со големите заеднички предизвици. Со пандемијата ова беше забавено и сега тоа е многу поважно во сите области на општетството. Се надеваме дека ова ќе обезбеди солидна основа за целото општетество во постигнувањето на одржливиот развој и преку тоа за изградување на земјата на подобар начин, вели Дуџиак.

На новинарско прашање за коментар за развојот на Северна Македонија, таа оцени дека земјата направи огромен напредок особено во последните некоку години.

– Како ОН ние сме овде да ги поддржуваме процесите што ги спроведува земјата и да помогнеме во постигнувањето на целите за одржлив развој. Сите земји во светот имаат недостатоци поради Ковид-19. Сега мислам дека земјата тргнува на пат како да се обнови и да создаде подобро и поздраво општететво и тука сме да ја поддржиме земјата во овој процес, рече Дуџиак.

Треба да знаете
Последни објави