Search

Потопен воен брод туристичка атракција во Дерми

Во Дерми, едно од најлуксузните албански одморалишта лоцирано на брегот на Јонско Море, туристите добија подводна атракција.

Имено, властите потопија стар воен брод во заливот кај Дерми, на 200 метри од брегот, кој ќе служи како подводна туристичка атракција

Станува збор за воениот брод, кинеско производство, кој бил дел од албанската морнарица од 1974 година. Бродот „Кинеска гулабица” триесет години бил вон употреба, закотвен во воената база Пашалиман.

Дерми е мало село во Албанија, дел од областа Химара, населена главно со припадници на грчкото малцинство. На ова место планината се спушта во Јонското Море и изгледа неверојатно. Плажите се со бели камчиња а водата е тиркизно сина и се смета за едно од најлуксузните летувалишта во Албанија.

Албанскиот министер за турзам Бенди Кљоси најави дека во напорите да се збогатат формите на туристичката понуда ќе бидат потопени уште шест стари бродови, кои се вон функција, за што веќе се определени исто толку места долж албанското крајбрежје.

Треба да знаете
Последни објави