Search

Потекин: Коронавирусот ни одблизу не убива толку луѓе како што е тоа случај со туберколозата, маларијата…

Познатиот светски вирусолог Алексеј Потекин смета дека лошите хигиенски услови на пазарите во Кина, се причина за настанувањето на овој вирус. Според него најголемата лага за опасниот вирус е таа дека истиот успеал да се рашири од лабораторијата во Вухан, каде се истражуваат ваквите видови опасни и смртоносни вируси. Тој вели дека како биолог кој долго време се занимава со вируси и предава на познати Универзитети, смета дека негова должност е да ги предупреди луѓето на шпекулациите кои се шират во јавноста. Алексеј вели дека коронавирусот не е предизвикан од САРС вирусот, кој изби во 2002 година. Тој смета дека коронавирусот ни одблизу не убива толку луѓе во светот, како што е тоа случај со туберколозата, маларијата и другите болести. Но, ние не ги следиме ни одблиску овие смртни случаи, како што е тоа случај со коронавирусот.
Алексеј смета дека коронавирусот е позаразен од грипот, а помалку од заушките, рубеолата и сипаниците.Оваа пандемија според него е многу поблага од она што го претрпеле нашите предци во минатото.
Според него зборот пандемија е нешто што не треба да не заплашува и дека тоа е термин кој означува заболувања кои се откриени ширум светот, а не дека човештвото се соочува со истребување. Основната цел на карантинот и мерките кои ги превземаат голем број европски и држави во светот е само цел да се намали бројот на заразени.
Стапката на смртност од коронавирусот е реална. Покрај тоа, индикаторите за вкупниот број заразени луѓе се потценети затоа што многу луѓе имале асимптоматски реакции на вирусот или не биле во можност да го идентификуваат. Но, сега се откриени. Овој вирус нема никаква врска со човековиот развој и не побегнал од лабораторијата во Вухан како што сметаат некои теоретичари на заговор.

 

Треба да знаете
Последни објави