Search

Потврден првиот случај на коронавирус во Солун

Позитивни се резултатите на коронавирус од примерокот на 38-годишна жена во Солун, со што е и првиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Потврден е првиот случај на вирусот во Грција. Станува збор за Гркинка, на 38-годишна возраст, која патувала во регион во северна Италија. Во добра здравствена состојба е, ја следи тим од одлични колеги во Солун. Во овој момент, се проверуваат нејзините контакти и нејзините блиски контакти, доброволно ќе бидат ставени во изолација и ќе се следи нивната здравствена состојба, рече професорот Сотирис Циодрас, портпаролот на грчкото Министерство за здравство и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје.

 

 

Треба да знаете
Последни објави