Search

Потврдено е дека панголините во себе носат вирус сличен на ковид-19

Потврдено е дека панголините шверцувани во Кина во себе имаат вируси тесно поврзани со ковид-19, објави Си-ен-ен.

„Продажбата на животни на пазарите треба строго да се забрани за да се минимизира ризикот од идна појава на вируси“, вели меѓународен тим научници.

Панголините се најчести цицачи кои се предмет на нелегална трговија, а се користи како храна и во традиционалната медицина.

Се смета дека лилјаците се оригиналниот извор на вирусот, при што некој друг животински вид игра улога во пренесувањето на вирусот на човекот.

Во нов истражувачки труд, објавен во списанието „Nature“, истражувачите велат дека нивните генетски податоци сугерираат дека постапувањето со овие животни бара значителна претпазливост и дека нивната продажба на пазари треба да биде строго забранета.

„Потребно е понатамошно набљудување на панголините во дивината во Кина и Југоисточна Азија за да се разбере нивната улога во појавата на коронавирус и ризикот од идно пренесување на луѓето“, додаваат тие.

На панголините, за кои се вели дека најпродавани цицачи во светот, им се заканува изумирање.

Крлушките од панголините се купуваат во Азија за употреба во традиционалната кинеска медицина, додека месото од панголин се сметаат за деликатес.

Треба да знаете
Последни објави