Search

Потврдени два нови случаи на коронавирус во Хрватска

Националното биро за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека се потврдени уште два случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Според министерот за здравство на Хрватска Вили Берош се работи за луѓе кои се блиски и биле во непосреден контакт со веќе заразените во Загреб и Риека.

Првиот пациент кој е помладо лице кое е хоспитализирано во Загреб, а вториот заразен е повозрасен маж и веќе се наоѓа во болницата во Риека.

Тоа што е добро според хрватските здравствени власти е дека новозаболените лица веќе биде во карантин откако е констатирано дека контактирале со заразени лица, а на тој начин е избегната можноста тие да заразиле други луѓе.

Треба да знаете
Последни објави