Search

Потврдена затворската казна на австралискиот кардинал Џорџ Пел

Апелацискиот суд во австралиската држава Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца.

Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите на злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред ззградата на судот, јавија американските медиуми.

Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциск, во декември минатата година беше опсуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн.

Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија.

Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.

Треба да знаете
Последни објави