Search

Потврдата на Богоевски кривично дело? Доби бесплатен адвокатски совет: Не го кажувај тоа во ОЈО

Адвокатот Јанакие Митровски вели дека единствениот доказ оти пратеникот Павле Богоевски порачувал наркотични средства е неговата изјава во која прифаќа дека на снимката се слуша неговиот глас. Митровски, ваквата изјава на пратеникот ја нарече наведена и жалосна, бидејќи како што објаснува, доколку Богоевски не прифатеше што порачувал, законски немаше да се докаже за што станува збор.

Ова значи дека потврдата на пратеникот Богоевски претставува дело казниво со закон. Членот 216 од Кривичниот законик предвидува казна од една до пет години за лице кое наведува или овозможува на друго лице уживање наркотични дроги и прекурзори, или пак му дава наркотични дроги.

Се обративме до Јавното Обвинителство во однос на тоа дали ќе покренат постапка за случајот. Од таму ни одговорија дека чекаат известување од Министерството за внатрешни работи околу пријавата на пратеникот Богоевски во полициска станица. МВР со кус одговор. Велат дека презеле мерки во рамките на нивните надлежности, во насока на утврдување на фактите.

Инаку, пред два дена на социјалните мрежи осамна видео од 40 секунди во кое се слуша како пратеникот Павле Богоевски нарачува наркотични средства. Тој призна дека е негов глас и дека нарачувал масло од канабис за близок, а не кокаин како што се наведува во објавената снимка.

Извор: ТВ21

Треба да знаете
Последни објави