Search

Постојано инвестираме во унапредувањето на патната инфраструктура во Чаир

CДСМ како одговорна партија и на локално и на централно ниво, во континуитет инвестира во унапредување на патната инфраструктура.
Екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкција на улицата Македонско-косовска бригада во општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев (Пластичарска) до крстосницата со Втора македонска бригада.
На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постави и нова атмосферска и фекална канализација.
Оваа фаза всушност е изведбата на едниот крак од идниот булевар Македонска-косовска бригада. Имено, во текот на наредната година предвидено е да започне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да се изведе и вториот крак, со што овој дел ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија.
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов останува целосно фокусирана на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир.
Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Во следниот период ќе инвестираме уште повеќе, се со цел да се подобри урбаното живеење во Чаир.
Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави