Search

После 10-годишна врска, актерката го оставила момчето и му родила дете на „вистинскиот“

Холивудската актерка, Дајан Кругер (42) поминала 10 години со актерот Џош Џексон.

Дајан и Џош се забавувале од 2006-та до 2016-та година. Никогаш не се венчале, иако важеа за еден од најстабилните парови во Холивуд.

Дајан во една прилика рече дека бракот го смета за нешто што доаѓа на крајот, а не на почетокот на патот.

За време на 10-годишната врска, сè било хармонично и не биле поврзани со ниту еден скандал. Сепак, се испоставило дека тој не бил вистинскиот за неа.

Пред Џош, Дајан била бо брак со францускиот режисер Џеј Канет. Се венчале во 2001-ва година, а се развеле во 2006-та година, кога ја започнала врската со Џош.

Додека сè уште била во врска со Џош, Дајан го запознала својот сегашен партнер Норман Ридус (49), на снимањето на сетовите за филмот „Sky“.

Никој не знае кога точно започнала врската, но познато е дека почнале да се забавуваат во 2016-та година, кога Џош бил виден со друга жена, а Дајан почнала јавно да се појавува со Норман.

Актерката и Ридус, во ноември оваа година добиле дете. Јавно не го откриле полот на детето, ниту неговото име. Дајан за првпат станала мајка, а Норман од претходниот брак со топ моделот Хелена Кристенсен, веќе има 19-годишен син.

Треба да знаете
Последни објави