Search

После една деценија, ДУИ ја признава својата политичка неспособност за реализација на патот Скопје-Блаце

По повеќе од 10 години ветувања, ДУИ сè уште не успеа да му даде вистински облик на проектот за автопатот Скопје – Блаце!
Одолговлекувањета што оваа партија ги прави со единствена цел да го искористи овој пат како предизборно ветување сеуште продолжува. И покрај тоа што Алијансата за Албанците постојано бара објаснување за ваквите одолговлекувања, партијата постојано го запоставуваше ова барање со истите изговори.
Денес, кога заврши и рокот за  вториот тендер за изградба на овој автопат, Бујар Османи продолжува да манипулира со правните празнини што тие самите ги дозволуваат.
Според неговата логика, за ветувањата што самите ги даваат тие мора да имаат постојан притисок од граѓаните, во спротивно не треба да ги исполнат! Затоа тој го оправдува одолговлекувањето на повеќе од 10 години со тоа што немаше потреба да се градат овие 10 километри сè додека не се појави потребата на граѓаните!
Алијансата за Албанците бара максимална транспарентност по ова прашање! Не треба да се дозволи понатамошно манипулирање и затоа бараме надлежните органи да ги објават понудите од тендерот.
Исто така, во контекст на транспарентност и јавно информирање, бараме што поскоро да се разгледаат овие понуди, за да не се искористи изборното ветување од 2008 година повторно во изборната програма на ДУИ во 2020 година!

Треба да знаете
Последни објави